Аеродромски стан до поликлиниката 240.000 евра
240000 EUR
- Категорија
- Станови
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Владимир Александар Македонски
- Number of rooms
- 3
- Condition
- Used - Like New
- Address
- Ангел Димовски 2/1-4
- Area
- 103 m2
- Вид на оглас
- Се продава
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Аеродром, Скопjе
103мк со 2 спални+дневна,2 балкони-југ/север.2 бањи,готварска просторија,шпајз,остава и трпезарија.Централно парно греење. Располага со 2 влезни врати и со тоа е погоден за комбинација-"старите" во едниот дел,а младите во другиот.Или за луѓе што се занимаваат со бизнис- живеење во едниот дел,а работа во другиот.Или живеење во едниот дел,а рентање на другиот. Подрумот има просторни 12мк.(вистинска реткост,затоа што во повеќето нови згради се под 3 метри квадратни).Може да се користи или како просторија за складирање или како просторија за релаксација,дури и изнајмување. Сите даноци и сметки се платени. Нема хипотеки или некои други дубари. Цената на станот (со се подрумот) е 240.000€.Со гаража од 17мк - 270.000€.(цената на гаражата одделно/независно од станот, чини 34.850€). Се е функционално,вклучително и водоводната и електро инсталација. Станот располага со ОГРОМНИ вградени плакари/шифоњери за обувки и облека. Локациски - идеален - до поликлиниката, до сите познати вериги на супермаркети,до детска градинка,црква Св.Илија,кладилници,основно училиште Љубен Лапе,Американски Колеџ,базен на отворено. Оптички интернет од трите најдобри компании во Македонија. Во близина е и кејот на Вардар и најубавиот спортски комплекс во Македонија - "Јане Сандански". Се ви е на неколку минутно пеш растојание. И уште нешто многу важно - Мирно соседство и најдобри можни соседи во самиот влез и зградата во целост. Повелете во секое време. Телефон за контакт: 072320816 (Телеграм, Вибер, Уотсап). Побрзајте, затоа што цените на недвижност галопирачки растат. Во Центар, Дебар Маало, на Водно, дури и во Охрид (на некои локации) - цените на становите се движат од 3000 до 3400 евра/ метар квадратен. Многу наскоро нема да можете да најдете ни стар, ни нов стан во Аеродром под 2500 евра квадрат. Исклучок - на 5 спрат без лифт или во нова зграда направен од гипс картон, без подрум и слично. Да не ми се јавувате и да кажувате - Ама како 230, па нели беше 100. Да, ама пред 6 години. Историјат: 2019 - 784 евра/квадрат, цената околу 80.000 евра. (клиент ми се ценкаше и велеше ни евро повеќе од 75.000. Јас му велев - За година две, цената ќе се дигне над 100.000 евра. Ме погледна попреку и не дојде до зделка. Од денешна перспектива - испадна тежок лузер). Не поминаа 2, туку веќе во следната година (годината на Ковид): 2020 - 110.000 евра 2023 - 160.000 евра (за само 4 години, 100-процентно зголемување!) 2024 - 180.000 евра 2025 - 230.000 евра. (убедливо најголемо покачување за една година). 2026 - 240.000 евра. Залудно се надевате дека цената некогаш ќе падне. Кој има чувство за бизнис - купува веднаш.
