Alfa Romeo 147 1.9 JTDM 120 КС – Одлична механичка состојба

2550 EUR

Категорија
Автомобили
Локација
Цела Македонија
Огласувач
Viktor Struminikovski
Марка
Alfa Romeo
Модел
Alfa 147
Година
2007
Гориво
Дизел
Километри
200000
Менувач
Рачен
Каросерија
Хеџбек
Боја
Црна
Регистрација
Македонска
Регистрирана до
02.2027
Сила на моторот
88 kw / 120 ks
Kласа на емисија
Еуро 4
Категорија
Моторни Возила > Автомобили

**Alfa Romeo 147 1.9 JTDM 120 КС 2007 година – Одлична механичка состојба** Се продава Alfa Romeo 147 1.9 JTDM со 120 коњски сили и 5-степен мануелен менувач, во црна боја. Автомобилот е купен од Ауто Милано во Скопје, увезен од Италија, а јас сум прв сопственик во Македонија. Доаѓа со два оригинални клуча и оригинални италијански документи. **Ентериер** Ентериерот е добро сочуван. Седиштата се оценка 9/10, командите 8/10, небото 8/10, теписонот 8/10, а тапацирите исто така 8/10. Поставени се нови гумени патосници. Сите команди, копчиња и светла работат беспрекорно. Вградени се и афтермаркет паркинг сензори кои функционираат без проблем. **Екстериер** Каросериски автомобилот е 7/10. Има гребаници и неколку удари од паркинг бидејќи најмногу е возен низ град. Ништо не е прикриено или шминкано, сите недостатоци се прикажани на фотографиите. Моторот не е перен, сув е и се гледа реалната состојба без криење на било какви дефекти. **Механичка состојба** Автомобилот е редовно и навремено сервисиран. Моторот работи мирно, не чади, влече одлично и нема никакви истекувања на масло. Голем сервис во април 2026 пред 500км. Кумплугот е мек и не е тврд, ламелата е здрава, а предницата и задницата се редовно одржувани и заменувани кога било потребно. Автомобилот е механички спремен и не бара никакви итни вложувања. **Опрема** Опремен е со двозонска автоматска клима која лади одлично, темпомат, алуминиумски бандажи R16 и паркинг сензори. Сите електрични функции и опрема се целосно исправни. **Практичност и возење** Станува збор за практичен хечбек со можност за спуштање на задните седишта, што овозможува поголем багажен простор. Автомобилот е многу стабилен, има прецизно управување, спортско лежење на пат и остро вртење. Вистинско уживање е за возење, а истовремено е и многу економичен. **Потрошувачка** На отворен пат троши околу 4,5 литри на 100 километри, додека низ град реалната потрошувачка е помеѓу 7 и 8 литри на 100 километри. Автомобилот е купен со околу 160.000 километри и од тогаш е редовно одржуван и гаражиран. Не е нов автомобил и има козметички недостатоци соодветни на годините, но механички е во одлична состојба. Доколку барате сигурен, економичен и забавен автомобил за возење, оваа Alfa Romeo 147 е одличен избор. Автомобилот може да се прегледа и проба, а за повеќе информации слободно јавете се. Иако автомобилот немаше никакви проблеми со нив, DPF и EGR се превентивно и професионално отстранети. Кај автомобили кои најчесто се возат низ град ова е предност, бидејќи се избегнуваат честите проблеми со затнување на DPF филтерот и EGR вентилот. Автомобилот работи мирно, има целосна сила, повлекува одлично и нема никакви ограничувања во перформансите.

Alfa Romeo 147 1.9 JTDM 120 КС – Одлична механичка состојба