Асистент за развој на социјално претпријатие

По договор

Категорија
Останато
Локација
Скопје
Огласувач
Здружение ЕСЕ
Сектор
Друго
Вид на оглас
Се нуди работа
Огласено од
Физичко лице
Локација
Центар, Скопjе

О Г Л А С за работна позиција Работно место: Асистент за развој на социјално претпријатие Одговорности:  Идентификување на потенцијални компании - физички лица кои би сакале своите производи да ги пласираат преку воспоставеното социјално претпријатие.  Подготовка на план и материјали за промовирање на концептот на социјалното претпријатие пред идентификуваните компании - физички лица, и спроведување на средби со истите.  Развивање и спроведување на истражување на пазар.  Комуникација со надворешна ИТ компанија Потребни квалификации:  ВСС, VII степен на Економски факултет, оддел Финансиски менаџмент или Маркетинг;  Искуство во развивање и водење на старт-ап бизниси (би се сметало како предност)  Искуство во работа со проекти кои имаат социјален импакт (би се сметало како предност)  Солидно познавање на англиски јазик;  Солидно познавање на Microsoft Office (Microsoft Word, Excel и PowerPoint); Работното место е на определено време во траење од 12 месеци врз основа на хонорар, со можност за продолжување. Огласот трае 7 (седум) дена. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија, писмо за мотивација и Уверение за завршени студии или копија од индекс до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) Скопје на e-mail адреса: esem@esem.org.mk со назнака "Оглас за работно место асистент за развој на социјално претпријатие". Само оние кандидати кои ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Ве молиме во апликацијата да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail адреса. Во апликацијата Ве молиме да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail.