Cma Krik bara asistent za dizajniranje
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Центар за младински активизам Цма Крик
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи. Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво. За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција-асистенст за дизаjнирање и спроведување младински програми. Основни информации: Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно. Работни обврски: Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост; Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади; Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост; Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој; Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи; Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности; Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор; Работи на развивање на едукативни програми за млади лица со попреченост и без во младинскиот центар Крикни По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни). Потребни квалификации: Универзитетска диплома или релевантно искуство; Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми; Да биде способен/а да претстави, објасни и да го фацилитира процесот на учење ка