Din Apartmani Ohrid

По договор

Категорија
Недвижности
Локација
Охрид
Огласувач
Nikola Duzle
Address
Slavej Planina 95
Area
100 m2
Вид на оглас
Се изнајмува
Огласено од
Продавница
Локација
Охрид

Се изнајмувaат апартмани во Охрид во мирна туристичка населба(без сообраќај),во близина на факултетот за туризам на 7/8 минути од кејот! 1. Студио Апартманот е со големина од 25м2 со посебен влез на приземје и располага со кујна комплетно опремена со мини шпорет со рерна и фрижидер.Овој апартман е наменет за 2 особи + уште еден (двосед на пуштање).Располага со телевизор со рамен екран поврзан на кабловска телевизија и двор со маса пред апартманот. 2. Апартман со посебна спална соба и дневен престој со кујна,купатило и клима.Се наоѓа во приватна куќа на високо поткровје и има голем балкон! Спалната соба ви нуди комоција со спална(180х190) со кревети кои можат да се раздвојат како единечни(90х190) Гарнитурата во дневниот престој се оспособува како уште еден кревет! . Наменет за максимум тројца возрасни или фамилија со две деца. 3. Студио за тројца со еден голем кревет (160х190) и еден стандарден кревет (90х190) . Располага со сопствено купатило , мини кујна комплетно опремена со мини шпорет и мал фрижидер со комора. Се наоѓа на високо поткровје , има клима и балкон.(дрво стил на сликите). 4. Двособен апартман , со дневна соба и посебна спална соба,кој може да се прилагоди и како апартман со две спални , бидејќи двоседот во дневната е на пуштање(клик клак) и димензијата за спиење му е комотна за две лица(140х190). Двете соби располагаат со клима и смарт ТВ , поврзани на кабловска. Собите измеѓу се одвоени со кујна и купатило и секоја соба се заклучува засебно. Кујната е со голем фрижидер со комора и решо погодно за готвење. Максимум 4 лица! Сите апартмани имаат комплет садови и прибор за во кујна , Wi-fi и паркинг! Јавете се да се договориме!!! (ве молиме контактирајте не на Viber, Whatsapp или телефон). Имајте незаборавни моменти во Македонскиот бисер Охрид :)

Din Apartmani Ohrid