Доставувач и монтажер на производи
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Сервис Македонија
- Сектор
- Индустрија/Занаетчии/Производство
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Бутел, Скопjе
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме: Доставувач и монтажер на производи (Премиум доставувач) Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: ССС минимум Возачка дозвола со Б категорија Основно познавање на работа со струја и струјни кабли Искуство во достава или монтажа ќе се смета за голема предност Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти Пожелно познавање на работа со MS Office Аналитичност, објективност, тимски работник Систематичност, организираност, иницијативност Одговорности и работни задачи: Дневна проверка на документи за Премиум достава и нивно печатење Дневно подигање на уреди и додатна опрема (кабли, држачи...) за Премиум достава од соодветен магацин (купени од корисници) Планирање на достава според редослед на адреси и време на достава Достава на секој уред на адреса во соодветен договорен рок со корисникот Распакување и монтажа на уредот на соодветно место со пуштање во употреба Одстранување на пакувањето од домот на корисникот и негово фрлање во отпад. Одстранување на стариот уред (по желба на корисникот) и негово носење во Сервисен центар Грижа за возилото и алатот за работа Што нудиме? Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим За надминување на зададените таргети, предвиден е дополнителен бонус Континуирана обука Работно време: 8:00 – 16:00 Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање или на мејл: vrabotuvanje@servismakedonija.mk . Огласот е активен до 27.06.2025
