ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР/ ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР со или без искуство

По договор

Категорија
Останато
Локација
Скопје
Огласувач
Итек Системс ДООЕЛ
Сектор
Друго
Вид на оглас
Се бара работа
Огласено од
Продавница
Локација
Кисела Вода, Скопjе

Локација на извршување на работите: Скопје и околина на Скопје 👉 Обезбеден превоз од-до Скопје, Куманово и Свети Николе Компанија: Итек Системс Дооел Тип на работен однос: Постојано Дали сте искусен електротехничар? Барате стабилност и професионален раст во успешна компанија, дојдете и придружете ни се уште денес! Компанијата Итек Системс бара одговорна и посветена личност со искуство да се приклучи на нашиот тим како електроинсталатер / електротехничар. Бидејќи зад секоја успешна компанија стои силен тим посветен на потребите и барањата на клиентите, заедно работиме кон постигнување на целите и заеднички ги прославуваме успесите. Кои се вашите одговорности: • Инсталација и одржување на електрични системи во различни типови објекти (станбени, деловни и индустриски) • Брза и ефикасна детекција и отстранување на дефекти • Почитување на безбедносните стандарди и процедури во сите фази од работата • Читање и работа според електрични шеми и техничка документација • Монтажа и поврзување на електрични ормари, осветлување и електрична опрема • Соработка со тимот за навремено и квалитетно извршување на проектите • Одржување на работната опрема и грижа за уредноста на работното Што бараме: • ССС во областа на електротехниката (ќе се смета за предност) • Работно искуство на слична позиција минимум 2 години – за кандидати со претходно искуство • Познавање на електрични инсталации, алати и електрична опрема • Способност за читање на електрични шеми и техничка документација • Одговорност, прецизност и посветеност во работата • Тимски дух и добра комуникација со колегите • Желба за учење, усовршување и професионален развој • Способност за самостојно и организирано извршување на работните задачи • Возачка дозвола категорија Б (ќе се смета за предност) • Подготвеност за работа на терен и почитување на безбедносните стандарди Што нудиме: • Редовни месечни примања и навремена исплата на К-15, со дополнителни бонуси на крајот на годината • Плата во постојан раст и можност за наградување според резултати • Бонуси за успешно завршени проекти • 24/7 дополнително колективно здравствено осигурување • Обезбеден превоз од местото на живеење • Сигурно работно место со долгорочни планови и договори • Континуирани обуки и тренинзи со можност за кариерен напредок • Фиксно работно време во прва смена • Подарок за роденден, свадба, принова • Велигденски бонуси • Компанијата организира и целосно покрива team building активности Како да аплицирате? Испратете ја вашата биографија на renata@iteksystems.com.mk или контактирајте не на тел.02/2776567 Не чекајте – станете дел од нашето успешено и растечко тимско семејство!