Изнајмување на стан во Тафталиџе 2

800 EUR

Категорија
Станови
Локација
Скопје
Огласувач
Катерина
Number of rooms
4
Condition
Used - Like New
Address
Његошева 23-1/2
Area
122 m2
About the Residence
Balcony / Terrace, Elevator, Parking Space / Garage, Renovated
Вид на оглас
Се изнајмува
Огласено од
Физичко лице
Локација
Карпош, Скопjе

Изнајмувам стан изграден во 2020 год. од 122м2 во нас. Тафталиџе 2, во најмирнниот дел од населбата, лоциран позади Слаткарница Палма во Карпош 4 во зграда со лифт. Станот има одличен распоред - голема дневна соба која гледа на јужна страна, пространа трпезарија, потполно нова кујна по мерка од медијапан, една пространа спална соба и две помали спални соби, едно купатило со туш кабина, вграден плакар во ходникот, гостински тоалет, остава, мал подрум и долг балкон со поглед на Југ планината Водно и помал балкон кој има ориентација кон север. Кујната е направена од медијапан (материјали: AGT мат светло крем медијапан горе и темно кафеав медијапан долу со материјали од фирмата Prodizajn), меко затворање на сите врати, мала машина за садови, иноксен садопер, плотна за готвење и рерна. Подот е направен од квалитетен Таркет, станот е комплетно варосан 2025 год. Ориентација Југ/Север – термофасада 10цм стриропор на двете страни, PVC термопан прозори и врати со нови комарници и ролетни во дневната и спалните соби, во станот се инсталирани инвертер клими со централна единица (има инсталирано и радијатори доколку сакате да се греете со парно). Во зима станот е многу топол а во лето ладен. Блиндор врата со mul-t-lock брава. На спратот има само еден стан (се наоѓа на 2ри спрат), над него има уште 2 стана невселени и под него еден и стан на ниско приземје и тие исто така невселени.Станот има алармен уред и обезбедување од НИКОБ. Во зградата има лифт и оптички приклучок на Телеком. Зградата е асеизмичка и е опкружена само со 2 куќи од страна и 2 куќи напред, околината е многу мирна и пред зградата е предвидено едно паркинг место за возило и плус едно паркинг место во подземната гаража. Во близина на зградата има градинка и основно училиште. Во близина има Кам, Тинекс, и Стокомак. Центарот (Рекорд) е на 25 минути пеш. Чист имотен лист со впишана површина од 122 м2 (113 м2 станбен простор + 9 м2 балкони), 2 м2 остава во подрум и 18 м2 подземен паркинг простор Станот може да се види со претходна најава. Цена 700/800евра месечно на сериозни кандидати Адреса: ул.Његошева бр.23-1/2, Тафталиџе 2 општина Карпош, Скопје.

Изнајмување на стан во Тафталиџе 2