***Капитал***Нови гарсоњери 27,31 и 32 мкв во Охрид, Даљан
По договор
- Категорија
- Станови
- Локација
- Охрид
- Огласувач
- Агенција за недвижности Капитал Охрид
- Number of rooms
- 1
- Condition
- New
- Address
- Даљан
- Area
- 27 m2
- Вид на оглас
- Се продава
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Охрид
Шифра 10 182 Гарсоњери 27 мкв, 31 мкв и 32 мкв, на прекрасна локација во урбаната населба Даљан, 100-тина метри од плажата и Охридското Езеро. Гарсоњера 27 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања и ходник. Приземје. Западна ориентација. Гарсоњера 31 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања и голем ходник. Приземје. Ориентација исток и запад. Гарсоњера 32 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања, ходник и балкон. Кат: 1, 2, 3 и 4. Со лифт. Западна ориентација. Цена по договор. Карактеристики: еднособните гарсоњери се наоѓаат во нова зграда во градба, со краен рок на примопредавање почеток на 2028 година. Објектот се гради по современите стандарди и трендови за висококвалитетно, стабилно, комфорно и економично домување, со одлична термо и звучна изолација, со пвц дограма со шест комори и три стакла. Станот ќе има под од првокласен паркет (таркет) и плочки од увоз прва класа, со инсталиран клима уред во дневната соба на секој стан. Атрактивна, мирна, урбана локација: на само 100-тина метри од плажите и Охридското Езеро, во популарната крајезерска населба Даљан, надвор од градската бучава и сообраќаен метеж, на 1,8 km од центарот на Охрид и градскиот пазар. Во близина има маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас кон Струга и преку ридот под Самоиловата тврдина, кон плажите Лабино и Потпеш и стариот дел на Охрид. Мудра инвестиција со идеален избор на стан за пријатно домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење покрај Охридското Езеро. Погледнете ја нашата понуда на нашиот веб сајт www.kapitalohrid.mk Контакт e-mail contact@kapitalohrid.mk Контакт телефони: 078 232 047 070 331 609
