Количка за бебе 3 во 1
200 EUR
- Категорија
- Беби и Детски производи
- Локација
- Гевгелија
- Огласувач
- Дијана
- Condition
- Used - Like New
- Производи
- Мебел/Опрема
- Вид на оглас
- Се продава
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Дојран, Гевгелиjа
Ротакс Кунерт (Rotax Kunert) Сет 3 во 1 вклучува: Бела рамка на количка Беби колевка Спортски дел Детско авто седиште Држач за шише Заштита за дожд Заштита за инсекти (мрежа) Спецификација: Делови: Алуминиумска рамка со амортизери и тркала наполнети со гума, беби колевка, спортски дел, детско авто седиште (транспортер). Во сетот на количката се вклучени и зимски навлаки специјално за секој дел, мамина торба, држач за шише кој се поставува лесно на рамката на количката, заштита за дожд, заштита од инсекти (мрежа). Материјалите се направени со UV заштита. Предните тркала се ротираат за 360 степени, системот за кочење е централизиран, амортизацијата на тркалата може да се прилагоди. Лесно отстранување на сите 4 тркала со притискање на копче. Рачката на рамката се прилагодува на четири висини, наслонот на количката се прилагодува на четири позиции, пространиот наслон за нозе, безбедносен појас со 5 точки. Сите делови од сетот 3 во 1 можат да се монтираат на рамката во двата правци на возење. Спортски дел - Седиште: Дел за седење, задниот дел - наслон, може да се прилагоди на 4 позиции. Тежината на спортското седиште е 4 кг. Држачот за нозе исто така може да се прилагоди на 4 позиции. Спортскиот дел се користи од 6 месеци до 3,5 години. Колевка за бебиња - преносно креветче: Лесна колевка со внатрешност обложена со памук. Пространа со систем за брзо расклопување на елементите, рачка за носење на врвот, прозорчиња на навлаката и мрежа за комарци. Тежината на колевката е 4 кг. Може да се користи од раѓање до 6-8 месеци старост, во зависност од напредокот на детето. Голема, комфорна, удобна, и за долги прошетки и за домашна употреба како колевка. Се користи до 13 кг тежина на бебето. Детско авто седиште - транспортер: Одобрено според ECE R44/04 стандардот за група 0+ (0-10 кг), со меко заштитно полнење од страните. Лесно за ракување благодарение на практичниот механизам за прилагодување на висината на појасите. Рачка за носење која се прилагодува во повеќе позиции. линк од количката: https://www.youtube.com/watch?v=15toeBVmK6U
