Координатор на градилиште

По договор

Категорија
Нудам работа
Локација
Цела Македонија
Огласувач
ЕМПОРИА БИЛД
Категорија
Градежништво, Архитектура
Пол
Машко
Образование
Средно училиште
Возачка дозвола
Б
Познавање на јазици
Не е важно
Компјутерски вештини
Добро

Се бара лице за позиција координатор на градилиште / логистичка поддршка, кое ќе се грижи за редот, логистиката и организацијата на просторот на градилиштето и ќе биде поддршка на градежниот техничар и раководството. Лицето ќе има клучна улога во обезбедување функционално и безбедно градилиште без директно вклучување во мајсторски работи на подизведувачите. Квалификации и барања • Пожелно претходно искуство на градилиште или во слична физичка/логистичка работа. • Спремност за извршување разновидни задачи (пренос и распоред на материјали, уредување, помош при логистика и организација). • Физичка издржливост и подготвеност за работа на отворено и во различни временски услови. • Способност за работа во тим и почитување на инструкции од градежен техничар и одговорни лица. • Одговорност, точност, дисциплина и редовно присуство на работа. • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност (движење меѓу објекти, носење алат/ситен материјал). Работни задачи и одговорности • Пренос, истовар и основна распределба на материјали и алати, без вклучување во стручната изведба на работите на подизведувачите. • Подготовка и уредување на просторот пред доаѓање на подизведувачи (пристапни патеки, обезбедени места за материјали). • Организација и обележување на зони за складирање на материјали, алати и опрема, со цел уредност и лесна пристапност. • Помош на градежниот техничар при основна логистика: пренос на цртежи/документи, поставување табли, обележувања и друга техничка поддршка. • Извршување други оперативни задачи по насока на градежниот техничар и раководството, во рамки на организацијата и одржувањето на градилиштето. Сите заинтересирани кандидати да се јават на тел. 02/ 6143-528 или да пратат кратка биографија на info@emporiabuild.com.mk

Координатор на градилиште