КООРДИНАТОР НА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ ЗА 24 ЧАСОВНА ПОДДРШКА
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Крик
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Аеродром, Скопjе
Краен рок 05.02.2024 // Работниот ангажман започнува: 10ти февруари 2024 За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за: Позиција: Координатор на 3 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) Вид договор: Привремен договор со посебни услови Позадина: ЦМА КРИК е приватен давател на социјалната услуга живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост. Моментално координира 3 станбени единици каде живеат 15 корисници. Кон крајот на 2024 година се очекува отворање на 4та станбена единица. Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција) Ја координира работата и врши стручна работа во насока на ефективно, ефикасно и економично работење, и реализација на поставените цели и надлежности на одделот. Должности и одговорности: Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците. Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен план за работа на членовите од стручниот тим за третман на корисниците. Ја следи почетната адаптација на корисникот и се грижи за одржување на добра здравствена состојба Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува месечен и годишен извештај за работата Спроведува дефектолошки, рехабилитациски и корективен третман. Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активности со постојан надзор и поттикнување. Изготвува: -Распоред за вработените во станбените единици (негувателите) -Ја следи работата на негувателите и се осигурува дека работните задачи се квалитетно исполнети -Решава конфликти помеѓу негувателите и предлага промени во начинот на работа -Проверува дневни извештаи напишани од страна на негувателите и работи согласно реалната ситуација која е настаната -Наод и мислење на стручен тим за состојбата на корисниците и понатамошен третман -Ја следи работата и прогресот кој корисникот на социјална заштита го има -Во постојан контакт е со Центрите за социјална работа, старателите и семејството каде постои -План и спроведување на набавки на се што е потребно во станбените единици -Во контакт е со матичниот лекар, специјалисти и останати стручни лица кои се вклучени во лекувањето и одржувањето на здравствената состојба на корисниците -Ги носи корисниците на закажани и итни лекарски прегледи Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Црниче и местото каде станбените единици се лоцирани (Аеродром). Почеток на работата: Почеток на февруари 2024 година Почетна плата: 30 000 мкд Потребни квалификации: да биде државјанин на Република Северна Македонија активно да го користи македонскиот јазик да имаат општа здравствена способност за работата со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност да има искуство во работа со лица со попреченост да има добри координативни и организациски способности Високо образование во областа на: Социјална работа, психологија или специјална едукација, право, логопедија или педагогија се смета за предност. Ги охрабруваме и другите профили да аплицираат. Како да се аплицира: Ве молиме, испратете CV и мотивационо писмо на е-адресата: employmentkrik@gmail.com Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
