Кревети за бебе и дете - од 0+ до 6 години
20000 MKD
- Категорија
- Беби и Детски производи
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Ognena
- Condition
- Used - Like New
- Производи
- Мебел/Опрема
- Вид на оглас
- Се продава
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Карпош, Скопjе
Се продаваат кревети од Mothercare, за бебешка и детска возраст, се користат од 0+ до 6тата година. Уникатната димензија од 140х70 и можноста креветот да се трансформира во тодлер кревет прави да се користи многу долго, до 6 тата година, без грижа дека треба да се купи нов, да се преуредува детската соба, аранжманот на спиење, итн. Креветот се монтира во класичен сетинг на бебешко креветче со 4 страни, висината на душекот се регулира на 3 нивоа, односно се спушта како што расте и напредува малото. Конечно на најниското ниво може да се трансформира во тодлер кревет, се вадат двете страни, а на долниот дел кај нозете се монтира пониска страна па совршено се трансформира во убав и удобен тодлер кревет. Ова е вистински кревет во согласност со Монтесори принципите (малото може самостојно да влезе и излезе од него) а е далеку поудобен и похигиенски бидејќи е подигнат од ладниот под, воедно и високата headboard од чисто дрво дава одлична заштита од студ ако е поставен спроти надворешен ѕид. Креветите одат со душек во соодветна димензија, исто така купен од Mothercare, тогаш најскапиот душек кој постоеше 10.000 денари. Душекот е со пружина и џебно јадро, секоја пружина во посебен џеб. Има меш платна за вентилации а горната страна целосно може да се отстрани со патент и под неа е цврст водоотпорен слој кој целосно го заштитува душекот од несреќи и го прави ултра лесен за перење и одржување. Креветите се скроз нови, буквално гребаница немаат на нив, како што биле од прв ден. Исклучително се квалитетни, цврсти, стабилни, и комотно можат да послужат уште неколку генерации. Ги продаваме бидејќи немаме бебиња во фамилија на повидок, инаку вредат и повеќе од цената :)
