МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК- СКОПЈЕ
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- ЕУРО ТАБАК
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Бутел, Скопjе
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи. Еуротабак има потреба од Магацински работник во Скопје Цел на работното место: Рачно носи, товара и истовара стоки и материјали во магацинот, врши складирање на стоки и материјали и ја помага доставата. Oсновни одговорности: • Ракува со стока(редење, пакување, сортирање, растовар и утовар). • Одржување на магацин • Пренесува и отстранува растур, кало и друг вид на отпад. • Врши контрола врз квалитетот на влезните и на излезните материјали и се грижи ниту еден оштетен материјал да не биде испорачан ниту примен во магацинот. • По потреба управува со вилушкар, рачна товарна количка или товарно возило. Услови за работа: • Редовна месечна плата; • Полно работно време- 40 часа; • Пријатна работна атмосфера; • Работа на определно време со можност за продолжување на неопределено време; • Обезбени услови за работа со сите современи материјално-технички средства; • Приватно здравствено осигирување; • Исплатa на минат калкулиран труд; Потребни квалификации: • Средно образование • Возачка дозвола, Б категорија • Од 0-1 година искуство во вршење на општи, физички работи • Комуникациски вештини • Општо познавање на модерната комуникациска технологија Како да аплицирате: Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак. Или контактирајте не на телефонски број 071367816 Краен рок за аплицирање: до 22.08.2024