МАШИНСКИ ИНЖЕЊЕР
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- MSA KOMPANI
- Сектор
- Градежништво и Архитектура
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Бутел, Скопjе
Машински инженер одговорен за производство MSA Sports & Playgrounds е компанија специјализирана за проектирање, производство и монтажа на детски игралишта, спортски терени и рекреативна опрема, со извоз на производи во повеќе земји. Поради проширување и унапредување на производствените процеси, бараме Машински инженер одговорен за производство, кој ќе го води производството, ќе ја организира работата на тимот и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и квалитетот. Работни задачи - Организација и управување со секојдневното производство. - Планирање и следење на производствените активности. - Координација помеѓу сите производствени оддели (заварување, CNC, монтажа, фарбање, шиење и останати процеси). - Организација и распределба на работните задачи. - Следење на роковите и обезбедување навремена испорака. - Контрола на квалитетот на производството. - Подобрување на производствените процеси и зголемување на продуктивноста. - Намалување на трошоците и отпадот во производството. - Спроведување и почитување на правилата за безбедност при работа. - Следење на производството преку ERP систем. - Подготовка на неделни и месечни извештаи за менаџментот. - Водење, мотивирање и развој на производствениот тим. Потребни квалификации - Завршен Машински факултет. - Најмалку 3 години работно искуство во управување со производство (предност). - Познавање на метална конструкција, заварување или машинско производство е предност. - Познавање на технички цртежи. - Одлични организациски способности. - Лидерски способности и работа со тим. - Аналитичко размислување и способност за решавање проблеми. - Познавање на MS Office. - Искуство со ERP системи е предност. - Познавање на англиски јазик е предност. - Возачка дозвола Б категорија. Бараме личност која е - Одговорна - Организирана - Дисциплинирана - Проактивна - Аналитична - Ориентирана кон резултати - Подготвена за континуирано учење и развој - Способна да донесува одлуки и да презема иницијатива Нудиме - Работа во стабилна и успешна компанија. - Можност за професионален и кариерен развој. - Современа производствена средина. - Самостојност во работењето и можност за носење одлуки. - Конкурентна плата. - Можност за бонуси според постигнатите резултати. - Долгорочно вработување