Masinski tehnicar inziner CAD/CAM so rabotno iskustvo
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- OZON
- Сектор
- Инженерство
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
"Нудиме работа во производствeна компанија ПРВА СМЕНА понеделник до петок" Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи. За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата: Машински техничар / инженер за работа со CAD/CAM - со работно искуство Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира: - Завршено ССС или Машински Факултет или студент со желба за понатамошно учење и развој - Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност - Познавање програми за CAD/CAM, 2Д цртање не е предуслов, но ќе се смета за предност - Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други - Да поседува позитивен однос кон околината, грижа и одговорност кон работата За следниве работни задачи - Работа во “CAD/CAM” софтвер, избор на алати и креирање офсет листи, креирање листи со работни задачи во производство, пратење на производствен тек, извршување работни задачи околу организација на производство - Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство - Комплетирање документација, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди - Организација и архивирање документација за тековната работа - Примена и реализација на современи решенија и технологии Се добиваат следниве услови за работа - Месечни примања во договор со работодавачот - Работа во прва смена - Организирана исхрана - Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување - Награди за квалитетно извршување на работните задачи - Можност за обука и стекнување нови знаења - Oсигурување 24h од незгода - Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух - Природно осветлување и пријатна работна средина - Месечни примања по договор согласно работното искуство Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.
