Maxi Cosi Столче за хранење

7500 MKD

Категорија
Беби и Детски производи
Локација
Скопје
Огласувач
Elena
Condition
Used - Like New
Производи
Мебел/Опрема
Вид на оглас
Се продава
Огласено од
Физичко лице
Локација
Карпош, Скопjе

Maxi-Cosi MINLA е стилизирано столче за хранење изработено од високо квалитетни материјали со вклучени 6 (шест) различни опции за седење. Добредојдовте дома! Со Maxi-Cosi MINLA вашето бебе може еднакво да учествува на семејната трпеза уште од раѓање. Екстра мекото и комфорно душече му нуди најоптимална поддршка на вашето бебе. Maxi-Cosi MINLA може да се користи уште од раѓање благодарение на 5те подесувања на наслонот на лежење/седење, достигнувајќи скроз лежечка позиција. Исто така двојниот послужавник има 4 нивоа на подесување. Со само една рака може да го подесите послужавникот за да го олесните влегувањето и излегувањето на детето од столчето. Кога двојниот послужавник не ви е потребен, лесно може да го складирате во задниот дел од столченто. Maxi-Cosi MINLA нуди многу можности и е верен придружник на вашето малечко до 6 годишна возраст. Без разлика дали го користите Maxi-Cosi MINLA како столче/релаксатор за бебиња, столче за тодлери или како бустер седиште за тодлери кога патувате, вие лесно може да го адаптирате столчето на вашите потреби. Maxi-Cosi MINLA има девет различни висински подесувања и расте заедно со вашето дете. Отпочеток вашето малечко може да ги одмара нозете на држачот за нозе кој нуди 4 нивоа на подесување, а понатаму на држачот за одмарање на стапалата кој нуди 2 позиции на подесување. Maxi-Cosi MINLA е стилизирано столче со минималистички дизајн кој перфектно ќе се вклопи во модерните живеалишта. Maxi-Cosi MINLA има едноставен систем на склопување и лесно може да го складирате кога не го користите. Има две тркала, што овозможува лесно преместување на столчето од една во друга соба. Maxi-Cosi MINLA е изработено од високо квалитетни материјали кои не пропуштаат вода, може да се одржуваат лесно, со пребришување со крпа или во машина за перење. Додека двојниот послужавник може да се пере и во машина за садови.

Maxi Cosi Столче за хранење