Оглас машински инженер
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- OZON
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи. Машински инженер Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира: - Завршен Машински Факултет со желба за понатамошно учење и развој - Претходно работно искуство е предност - Познавање програми за 2Д и 3Д цртање е предност - Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други - Солидно познавање англиски јазик - Да поседува позитивен однос кон околината, грижа и одговорност кон работата За следниве работни задачи - Водење и изработка на објекти во изведба, изработка на термотехнички проекти и решенија, понуди, презентации на производи и други работи поврзани со машинството - Комуникација со клиенти по е-маил, телефон и посета - Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови - Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на понуди со технички карактеристики - Организација и архивирање документација за тековната работа - Изработка на извештаи - Пресметки и изработка на 2Д и 3Д цретежи - Примена и реализација на современи решенија и технологии Се добиваат следниве услови за работа - Редовни месечни примања - Работа во прва смена - Организирана исхрана - Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување - Награди за квалитетно извршување на работните задачи - Можност за обука и стекнување нови знаења - Осигурување 24h од незгода - Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух - Природно осветлување и пријатна работна средина - Месечни примања согласно работното искуство и знаењето Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.