Oglas za elektrotehnicar
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- OZON
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согласно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје. ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција. За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата: Електротехничар Кандидатите ја следат работата на индустриските машини и составуваат производи од делови во согласност со конкретни спецификации и процедури за монтажа. Задачите што се вршат најчесто вклучуваат: проучување на цртежи и дијаграми за монтажа, составување на склопови од составни делови според конкретни спецификации и процедури, монтажа на електрична и електронска опрема и друга останата опрема, контрола и тестирање на составените компоненти и отстранување на дефектите. Задачите вклучуваат: а) проучување на спецификации, цртежи за да се утврди потребниот материјал и инструкции за монтажа; б) составување на електромеханички компоненти или делови од опрема според конкретно дефинирани постапки; в) составување на делови на опрема во финален производ според конкретно дефинирани постапки; г) составување на машински и електрични компоненти или делови во потсклопови според конкретно дефинирани постапки; д) составување на потсклопови во склопови според конкретно дефинирани постапки; ѓ) тестирање на завршените производи и елиминирање на дефектните инсталации и делови; е) водење на евиденција за работата во посебна документација; ж) вршење на сродни задачи; - Работникот треба да има општо познавање за работа со рачни алати. - Завршено основно или средно образование (Електротехничко) - Пожелно е да има работно искуство од минимум 2 години - Да поседува чувство за прецизност и естетика -Работно време од 07:30-15:30h Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk