Oglas za rabotnik vo proizvodstvo

По договор

Категорија
Вработување
Локација
Скопје
Огласувач
OZON
Сектор
Градежништво и Архитектура
Вид на оглас
Се нуди работа
Огласено од
Продавница
Локација
Кисела Вода, Скопjе

ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје. ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција. За потребите во производство (само прва смена) огласуваме слободно работно место на позицијата: Работник во производство за склопување на елементи кој ќе му се придружи на нашиот тим за Производство во фабриката во Скопје. Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира: - Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство во склопување на производи со работа со рачен алат - Завршено основно или средно образование - Работно искуство како склопувач на делови и производи од минимум 1 година ќе се смета за предност За следниве работни задачи: Општите работници во производството вршат едноставни и рутински задачи поврзани со процесот на производство за што е потребна примена на рачни алатки и едноставни машини како преси за формирање или отсекување прости форми и многу често поголем физички напор, а се занимаваат и со сортирање на производи и едноставно рачно составување на делови. Кандидатот ќе биде одговорен за работа со рачни машина за склопување на елементи и производи, читање и разбирање на основна документација и технички цртежи, подготвување на материјал за обработка, организирање и избор на алати и грижа за работно место и алати. Се добиваат следниве услови за работа: - Редовни месечни примања - Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа - Работа во фабрика во чисти услови и во климатизиран објект - Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи - Дефинирани дати за годишен одмор - Награди за посветено извршување на работните задачи - Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување - Можност за остварување новогодишен или друг надоместок Работно време од 07:30h до 15:30h Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

Oglas za rabotnik vo proizvodstvo