Оператор за чистење на вентилација и климатизацијa

По договор

Категорија
Останато
Локација
Скопје
Огласувач
EКОДИМ ДОО
Сектор
Друго
Вид на оглас
Се бара работа
Огласено од
Физичко лице
Локација
Карпош, Скопjе

За нас: ЕКОДИМ ДОО Скопје, како единствена членка на Европската асоцијација за хигиена за вентилација (EVHA), е специјализирана за професионални услуги за чистење на сува и мрсна вентилација, системи за климатизација, топлоизменувачи, чилери и слично, чистење на разни површини со употреба на најсовремена машина со сув мраз, чистење на фотоволтаични модули со помош на робот и др. Посветени сме на создавање здравa, енергетски ефикасна и чиста работна средина за постигнување на еколошка одржливост. Вашата работа вклучува: • Изведување на механичко чистење на системите за вентилација и климатизација со помош на специјална опрема за чистење • Чистење на системите на хауби, кујнски канали и мотори по високи стандарди и на задоволство на клиентот, вклучувајќи планирање и подготовка на работната површина од страна на лидерот на тимот • Способност за работа на височини и во ограничени простори • Работење со соодветна роботска опрема според однапред дадени инструкции • Работење со рачен алат и опрема • Флексибилно работење • Патување на различни локации во Македонија • Градење на позитивни релации со клиентите и колегите • Извршување на останати активности и задачи Компанијатa ви нуди: • Конкурентна плата • Во зависност од вашиот интерес на стекнување на нови вештини имате можност за побрз напредок • Можност за месечни бонуси • Можност да заработите повеќе преку прекувремена работа • Обезбедување на комплетна лична заштитна опрема и облека • Платено колективно осигурување • Други индивидуални бенефиции Потребни квалификации: • ССС • Пожелно, но не и неопходно, претходно работно искуство во чистење системи за вентилација и климатизација • Познавање на работа со рачен алат • Способност за работа со рокови • Подготвеност за самостојна работа како и работа во тим • Возачка дозвола минимум Б категорија