Помошник монтажер на клима уреди
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Сервис Македонија
- Сектор
- Индустрија/Занаетчии/Производство
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Бутел, Скопjе
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме: ПОМОШНИК МОНТАЖЕР НА КЛИМА УРЕДИ Потребни квалификации: Завршено средно образование (електротехничка или техничка насока – предност, но не е задолжително) Возачка дозвола Б категорија Пожелно основно искуство со монтажа или сервис на техничка опрема (клима уреди – предност) Способност за работа со рачен алат и подготвеност за работа со струја Изразена желба за учење и напредување во струката Одговорност, систематичност и организираност Тимска работа и флексибилност во извршување на задачи Подготвеност за работа на висина Основно познавање работа со компјутер Одговорности и работни задачи: Асистенција при инсталација и монтажа на клима уреди Поддршка при подготовка на материјали, држачи и опрема за монтажа Помош при поставување на надворешни и внатрешни единици Асистирање при тестирање на опремата по инсталација Следење на безбедносни процедури и упатства Помош при идентификување основни проблеми и нивно решавање под надзор Одржување и правилно ракување со алати и опрема Поддршка при водење евиденции за извршени теренски интервенции Што нудиме? Одлични услови за работа во амбициозен и професионален тим Можност за напредување до монтажер Континуирана обука и менторство Работно време: 08:00 – 16:00 Дополнителен бонус за надминување на поставените таргети Доколку сте заинтересирани за позицијата, испратете кратка биографија на следниот link: https://careers.neptun.mk/jobs/-chuS или на е-мејл: aneta.dudanova@neptun.mk Огласот е активен до 15.03.2026.
