повик за работен ангажман-ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

По договор

Категорија
Вработување
Локација
Скопје
Огласувач
CMA Krik
Сектор
Друго
Вид на оглас
Се нуди работа
Огласено од
Продавница
Локација
Кисела Вода, Скопjе

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за: 1 координатор на проекти Основни информации: Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот. Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на employmentkrik@gmail.com Рок за аплицирање: 05.04.2025-започнување со работен ангажман-што е можно порано Работни обврски: Да координира проекти од различни донатори Да комуницира со партнерите на проектите и донаторите Да води логистичка и техничка подготвеност за проектните активности Да ја следи и администратира проектната документација Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост; Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи; Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности; Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група Ги следи младинските политики на национално и меѓународно ниво Одржува контакт со мрежите каде Крик е дел Учествува на настани поврзани со проектите кои ги води и оние од интерес за младинските политики Потребни квалификации: Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности; Способност за работа со различен вид на партнери, институции и донатори како и менаџирање на ризици и справување со луѓе со различни карактери Да има познавање од едукативните настани од различни програми како на пример Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери; Флексибилност при одговарање на менување на потребите на партнерите, донаторите, институциите и извршната канцеларија; Способност да придонесува и работи во тим; Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини; Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори; Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација; Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија; Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Што нудиме: Флексибилна работна средина Тим спремен да ве поддржи во работата 25 дена годишен одмор Патувања во странство на работни состаноци и обуки Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот) Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Кисела Вора Важно: оваа позиција не е starting позиција. Замолуваме кандидатите кои ќе аплицираат да ги поседуваат квалификациите кои се барани. Лица без соодветно искуство нема да бидат контактирани за интервју.

повик за работен ангажман-ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР