ПРЕМИУМ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ НА ПЛОШТАД
По договор
- Категорија
- Канцеларија
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Delta Nedviznosti
- Квадратура
- 540 m²
- Состојба
- Нов
- Категорија
- Недвижности > Деловен простор > Канцеларија
ШИФРА-5321 „ДЕЛТА“ Агенција за недвижности, изнајмува деловен простор во Центар, на Плоштад. Premium деловниот центар е организиран на следниот начин: - приземје + Кат 1 до кат 5 и поткровје Внатрешниот простор нуди можност за планирање на просторот, исцртување на проект план онака како што вие сте го замислиле. Катовите се достапни како отворен канцелариски – океански простор. Секој кат одделно поседува санитарни простории, чајна кујна, серверска и електро соба. Внатрешниот простор нуди можност за планирање на просторот, исцртување на проект план онака како што вие сте го замислиле. Техничката спецификација за отворениот простор вклучува стандардна опрема: HVAC / подигнат под + тепих/гипс ѕидови/таван со електрични инсталации и стандардно осветлување. За секое нестандардно побарување надвор од проектот на закуподавачот дополнително ќе се изработува калкулација на трошоци. Подземен паркинг на 4 подземни нивоа, со вкупно 37 паркинг-места (со можност за полнење електрични возила) Приземје Кат 1 до кат 5 и поткровје 3 патнички лифта, 1 автолифт, современ систем на греење, ладење и вентилација. Понуда за закуп на деловен простор: Цена за издавање на два и повеќе катови од објектот е 22 €/м². Цена за издавање на само еден кат е 25 €/м². Вкупно деловен простор на кат е 270 м² + заеднички простории (скали и скалишен претпростор) од 27,50 м². Просторот на секој кат не е делив, минимум простор за изнајмување е 1 (еден) кат. Цена за издавање на приземјето 35 €/м². Вкупно деловен простор на приземје е 220 м² + заеднички простории (влезен хол, скали и скалишен претпростор) од 44,50 м². Просторот на приземје е делив и може да се дели во три засебни сегменти. За секој кат се предвидени 3 (три) паркинг места, а дополнителен паркинг простор ќе се изнајмува месечно. Сервисни трошоци се наплатуваат 4 €/м² согласно изнајмената површина. Сите наведени цени и износи се без пресметан ддв 18% Цените се за Договор за закуп за долг период, минимум 5 (пет) години. ☎ 075 424 130 ✉ deltanedviznosti1@gmail.com
