Продажба на семеен имот во Горно Нерези

По договор

Категорија
Недвижности
Локација
Скопје
Огласувач
Биро за посредување “Лозановски“
Number of rooms
3
Condition
Used - Good
Address
Горно Нерези
Area
940 m2
About the Residence
Balcony / Terrace, Stove / Fireplace, Ground floor, Parking Space / Garage, Loft, Furnished
Вид на оглас
Се продава
Огласено од
Продавница
Локација
Карпош, Скопjе

(Биро за недвижности) Нудиме на продажба семеен имот во с. Горно Нерези, на најгорната позиција во месноста именувана “Пеперуга“. Согласно катастарските поединости се состои од парцела од 940м2 целосно оградена од соседните плацови, до која се пристапува по асфалтен пат. Во горниот дел на плацот поставена е семејна куќа со станбена површина од вкупно 116м2. Куќата претставува тврда градба од природен камен, класичен покрив со керамиди и дебели преградни ѕидови што овозможуваат посебна стабилност и трајност на градбата, како и топлотна и звучна изолација Архитектонски е конципирана на две нивоа со практично дефиниран ентериер за современо семејно живеење – приземје кое ги содржи основните простории . ходник, кујна, бања, помошни простории, дневен салон со високи плафони, како и поткровен простор со пристап од внатрешни скалила. Градежната конструкција овозможува надградба на дополнителни простории со едноставен и економичен зафат Дневниот салон е поврзан со простран практичен трем кој овозможува панорамски поглед кон дворот и градот. Во целокупниот проектен дизајн и градежни зафати користени се стилизирани фолклорни мотиви од старата македонска архитектура. Имотот е поврзан со градската канализациона мрежа и се користи вода од сопствен бунар. На северниот дел на парцелата, (во долниот дел од дворот) е уцртана втора “маркица“ како можност за изградба на уште еден станбен објект. Цената е 290.000 евра. Контакт = 075228550, Јован

Продажба на семеен имот во Горно Нерези