Rabota vo proizvodstven pogon prva smena
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- OZON
- Сектор
- Индустрија/Занаетчии/Производство
- Вид на оглас
- Се нуди работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје. ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција. За потребите во производство огласуваме: Работа во прва смена – производтсвен погон работник за склопување на елементи кој ќе му се придружи на нашиот тим за Производство во фабриката во Скопје. Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира: - Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство во склопување на производи и работа со рачен алат - Завршено основно или средно образование - Работно искуство во областа од минимум 1 година ќе се смета за предност За следниве работни задачи: Општите работници во производството вршат едноставни и рутински задачи поврзани со процесот на производство за што е потребна примена на рачни алатки и едноставни машини како преси за формирање или отсекување прости форми и многу често поголем физички напор, а се занимаваат и со сортирање на производи и едноставно рачно составување на делови. Кандидатот ќе биде одговорен за работа со рачни машина за склопување на елементи и производи, читање и разбирање на основна документација и технички цртежи, подготвување на материјал за обработка, организирање и избор на алати и грижа за работно место и алати. Се добиваат следниве услови за работа: Редовни примања, исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување и награди за квалитетно извршување на работните задачи Вработување на неопределено време за избраните квалитетни кандидати Можност за обука и стекнување нови знаења Пријатна работна атмосфера во климатизирани простории со одличен тим инженери и работници Осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај) Организирана исхрана Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk Телефон за контакт +389 78 262 821 Башоска Емилија