Se bara koordinator na megjunarodni volonteri
По договор
- Категорија
- Останато
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Крик
- Сектор
- Друго
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Физичко лице
- Локација
- Кисела Вода, Скопjе
Аплицирање со кратка биографија и мотивационо писмо на employmentkrik@gmail.com најдоцна до 01.10.2023 Работни обврски: • Да ја координира работата на меѓународните волонтери • Подготвува нови волонтери да започнат со волонтирање во Крик • Да подготви неделна програма соодветно потребите на волонтерите и организацијата • Да го следи развојот и стекнување на нови вештини на волонтери • Да организира координативни и евалуациски состаноци со волонтерите • Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат во склоп на активностите на волонтерите • Да фацилитира сесии на различни теми за почетна обука на волонтерите (4 дена обука-програмата е веќе подготвена) • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост; • Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи; • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности; • Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група и ги вклучува волонтерите во истите • Го координира процесот со наоѓање и одржување на она што е потребно за живеалиште за волонтерите • Потребни квалификации: Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без; Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности; Да има познавање од едукативните настани од програмата Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери; Флексибилност при одговарање на менување на потребите на волонтерите и извршната канцеларија; Способност да придонесува и работи во тим; Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини; Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори; Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација; Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија; Да има искуство во координирање/поддршка на група на волонтери при спроведување на програми Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС тволонтери и ЕВС искуство се смета за предност; Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без; Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Што нудиме: Флексибилна работна средина Тим спремен да ве поддржи во работата 25 дена годишен одмор Патувања во странство на работни состаноци и обуки Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
