Se bara magacinski rabotnik

По договор

Категорија
Останато
Локација
Скопје
Огласувач
ПРИМА МЕБЕЛ
Сектор
Друго
Вид на оглас
Се нуди работа
Огласено од
Продавница
Локација
Кисела Вода, Скопjе

Прима е најголемиот хрватски ланец на малопродажба на мебел и еден од најголемите Хрватски производители на мебел. Малопродажната мрежа на Прима ја сочинуваат 59 салони во Хрватска, а во Македонија Прима мебел е присутна од 2010 година со 8 малопродажни салони и тоа во Скопје, Куманово, Охрид, Прилеп, Битола и Струмица. Разноврсната понуда, квалитетните производи и професионалната услуга е она што ја карактеризира Прима Мебел и по што е препознатлива на пазарот. Во салоните на Прима, секој купувач може да најде мебел за целиот свој дом: спални соби, дневни соби, кујни, маси и столици,гарнитури, регали, детски соби, тинејџерски соби… Мисијата на Прима Мебел е да остане стратешки партнер кој ги исполнува барањата на купувачите и клиентите преку следењето на трендовите на пазарот. Поради проширување на нашиот тим имаме потреба од вработен на работна позиција: Магацински работник во магацинот во Скопје. Потребни способности и вештини: • Mотивирана и стабилна личност; • Организираност, систематичност и темелност во работата; • Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот; • Способност за тимска работа и одговорност; • Позитивен став и професионално однесување; Опис на работни обврски: • Подредување, грижа и одговорност за производите во магацинот; • Прием, складирање и издавање на производите во магацинот; • Пакување на роба по соодветен работен налог; Нудиме: • Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој; • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи; • Систем на наградување на успешните вработени; Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на web@prima-mebel.mk со назнака Магацински работник во магацинот во Скопје.

Se bara magacinski rabotnik