Се продава двособен стан кај Универзална сала
132200 EUR
- Категорија
- Станови
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Irena
Се продава функционален двособен стан од 42 м², на одлична и многу барана локација во Центар, на ул. Христо Смирненски, непосредно зад Универзална сала. Станот се наоѓа на 3-ти кат во зграда со лифт и има одлично искористен распоред: дневна соба со кујна и трпезариски дел, одделна спална соба, бања и тераса. Има блиндирана влезна врата, како и можност за паркирање преку ПОЦ. Станот се продава наместен и опремен. Благодарение на одличната локација, практичната квадратура и функционалниот распоред, станот е погоден како за сопствено живеење, така и како инвестиција за издавање.
