Se prodava Stokke kolicka, Stokke transporter, Stokke modul

630 EUR

Категорија
Беби и Детски производи
Локација
Скопје
Огласувач
Marina
Condition
Used - Like New
Производи
Мебел/Опрема
Вид на оглас
Се продава
Огласено од
Физичко лице
Локација
Карпош, Скопjе

Се продава Stokke Xplory stroller, Stokke izi go, Stokke car modul , Chicco seat up 012, користени и сочувани во одлична состојба. Stokke Xplory X е количка со иновативен дизајн наменета за новороденчања и деца до 22 кг. Спортското седиште со можност за подесување (три позиции - активна положба, положба за одмор и положба за спиење), ја прави количката комфорна, овозможувајќи му на Вашето дете врвна удобност. Компактниот дизајн и ротирачките тркала на количката, придонесуваат истата да биде лесна за управување и практична за секојдневна употреба. Покрај тоа, оваа количка овозможува блискост помеѓу вас и Вашето бебе, обезбедувајќи му чувство на сигурност и поврзаност. Рачката со елементи за прилагодување на висината и аголот е идеална за сечија висина. Лесната конструкција на количката, овозможува преклопување во само еден чекор. Дополнително, количката поседува штитник за сонце и потпирач за нозе којшто се прилагодува во три позиции и обезбедува удобност на која било возраст на детето. Мрежестиот отвор на капакот за сонце овозможува оптимален проток на воздух, а истовремено функционира и како прозорец за следење на Вашето бебе. Поставени се и ремени со пет безбедносни точки за целосно безбедно возење и иновативен систем за сопирање со едно притискање за брза реакција. Stokke iZi Go седиштето за автомобил, произведено од BeSafe, норвешки производител на автомобилски седишта, обезбедува сигурност и удобност за Вашето бебе при патување. Ова седиште, исто така, може да се користи како седиште за количка (не е потребен адаптер) и ги исполнува сите безбедносни стандарди. Со опции за прилагодување и магнетни ремени, инсталацијата и користењето на седиштето се навистина лесни. Eргономскиот дизајн на рачка за носење, штитникот за сонце со вентилација и меката подлога, обезбедува комфор и заштита на Вашето бебе. Прикладно е за новороденчиња и деца до 12 месеци и е во согласнот со i-Size сандардот. Може да се инсталира во автомобил со ISOfix основа за дополнителна безбедност. Chicco Seat Up е седиште за автомобил кое е наменето за деца од 0 до 25 кг. Со 3 позиции за подесување на наслонот, ова седиште обезбедува удобност при возењето. Седиштето може да се монтира во насока спротивна на движењето, за деца од 0 до 13 кг, и во насока на движењето, за деца од 13 до 25 кг, користејќи ISOFIX конектори или автомобилски ремени. Автомобилското седиште со безбедносен стандард ECE R44/04, ги исполнува високите стандарди за безбедност. Навлаката може да се отстрани и да се пере во машина за перење алишта, што го прави лесно за одржување.

Se prodava Stokke kolicka, Stokke transporter, Stokke modul