СЕРВИСЕР ЗА БЕЛА ТЕХНИКА И ФРИГО ТЕХНИКА
По договор
- Категорија
- Вработување
- Локација
- Скопје
- Огласувач
- Сервис Македонија
- Сектор
- Индустрија/Занаетчии/Производство
- Вид на оглас
- Се бара работа
- Огласено од
- Продавница
- Локација
- Бутел, Скопjе
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме: СЕРВИСЕР ЗА БЕЛА ТЕХНИКА И ФРИГО ТЕХНИКА (4 извршители) Потребни квалификации и вештини: Работно искуство во областа на сервисирање на електронски апарати и апарати за домаќинство е пожелно мин. ССС Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија Способност за работа со временски рокови Темелност, одговорност и посветеност Основно познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Возачка дозвола Б категорија, активен возач Главни задачи и одговорности: Брзо и прецизно дијагностицирање и отстранување на настанати дефекти Точно и редовно следење на работните налози Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот со уредите оставени за сервис Услови за работа: Месечен бонус согласно остварувањата, надоместок за минат труд и регрес за годишен одмор, платена прекувремена работа Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим Континуирана обука Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање или на мејл: vrabotuvanje@servismakedonija.mk . Огласот е активен до 07.10.2025
