Суплементи, капсули, здрава храна
130000 EUR
- Категорија
- Отстапување на разработен Бизнис
- Локација
- Цела Македонија
- Огласувач
- Производство
- Категорија
- Бизнис и дејности, Машини алати > Отстапување на разработен Бизнис
Производен погон за суплементи, течности и функционални храни, опремен со нова (2023-2024) машинерија за производство, процесирање и пакување. Фирма во добивка во последните 6 години, постои 15 години, 6 години производна дејност. Фирмата нема долгови, кредити и хипотеки. Нема земено помош од локални, државни и странски фондови (ФИТР, ИПАРД, Развојна банка и др.). Повеќе од 50 готови производи во капсули и прашкаста форма. Над 100 типа на екстракти и прехрамбени суровини на лагер над 15 типа амбалажа. Ги исполнува сите технички (нова електрична инсталација, ладење греење со инвертери, водоводна и одводна мрежа), сите хигенски т.е HACCP стандарди (мазен под, природна вентилација, мрежи на прозори, стерилни комори и сл.). Систем за видео надзор и интерфон аудио комуникација низ целиот погон. Погонот располага со: Линија за течности, сирупи и тинктури; линија за процесирање и пакување на прашкасти и зрнести суровини; линија за пакување и процесирање на капсули; опрема за етикетирање и маркирање на производи; лабараторија за развој и контрола на квалитет итн. Погонот е лоциран во самостоен објект, на мирно место, на 10 минути од центарот на Скопје. Располага со сопствен двор, паркинг за 3 возила, 3 влеза, голем океански простор, магацин за суровини, кујна, тоалет со туш и канцеларија. Бизнисот е одличен и профитабилен, со високи маржи. Отстапувам поради фокусирање кон друг, фамилијарен бизнис. Може да се купи удел или целиот бизнис, со или без фирмата. Повеќе и подетални информации на 070754272 или на вибер.
