Трицикл - точак

2000 MKD

Категорија
Беби и Детски производи
Локација
Скопје
Огласувач
Андреа
Condition
Used - Good
Производи
Мебел/Опрема
Вид на оглас
Се продава
Огласено од
Физичко лице
Локација
Аеродром, Скопjе

Модерен комбиниран трицикл (4 во 1), со максимална безбедност и лесно управување. Идеален за долги прошетки со вашите дечиња. Има сенка, корпа и рачка од позади со која може потполно да се контролира трициклот од родителот, истата по потреба може да се извадат, и возилото се трансформира во класичен трицикл. Висината на рачката и сенката може да се регулира. Идеален за долги прошетки, а во зависност од возраста може да се управува од родителот со помош на рачка а кога ќе потпорасне детето, се трансформира во класичен трицикл и детето може само да го вози. Карактеристики и погодности! • Благодарение на сенката, која по потреба може да се извади или собере овозможува да се користи во сите временски прилики. • Ергономската рачка, обложена со прекрасен нелизгав мек материјал, овозможува потполна контрола на трициклот од страна на родителот, позицијата може да се намести по желба, а кога ќе порасне детето може и потполно да се отстрани. • За зголемена безбедност обрачот на трициклот е обложен со мек материјал, со што се овозможува 100% безбедно возење, без да се повреди детето. • Тркалата се обложени со што се овозмужува удобно возење и трајност без разлика на конфигурацијата на теренот. • Трициклот доаѓа и со многу практична корпа за багаж и сместување на есенцијалнитереквизити, или едноставно може да си ги ставите ќесите од пазарот. И најважно од се, трициклот се прилагодува и се користи различно пропорционално со возраста на детето: • Така да на почетокот детото седи а со трициклот управува родителот. • Откога ќе потпорасне детето (18+ месечна возраст), полека може да се учи да управува (асистирано и со контрола на родителот). • Кога ќе порасне детето уште малку (36+ месечна возраст) слободно може да се извади рачката за контрола и детето само да го вози и управува трициклот.

Трицикл - точак