Voice Over na makedonski - Macedonian Voice Over
3500 MKD
- Категорија
- Аудио студија
- Локација
- Цела Македонија
- Огласувач
- Никола
- Категорија
- Услуги, Сервисери > Фото, Видео, Аудио студија > Аудио студија
Voice Over – Нарација што ја оживува Вашата приказна Во светот на дигиталната комуникација, гласот е една од најмоќните алатки за пренесување емоција, доверба и професионалност. Без разлика дали станува збор за реклама, документарец, е-учење или корпоративно видео, добро изведената нарација (Voice Over) е клучот што ја претвора содржината во искуство. Нашата услуга за снимање на нарација е достапна на македонски, албански, англиски, турски, српски, хрватски, босански јазик, како и можност за сите останати јазици, со одбирање на машки, женски или детски гласови, овозможувајќи Ви да допрете до глобална публика со јасна и автентична порака. Дел – Портфолио на следниот линк: https://digitalenasistent.mk/portfolio-voiceover-macedonian-language/ Нашата услуга Ние нудиме комплетна и професионална услуга за снимање на Voice Over, која вклучува: – Професионално студио и опрема со акустична изолација, Rode микрофон, Roland миксер конзола, и најмодерен софтвер и хардвер. – Снимање на машки, женски и детски гласови, во зависност од потребите за проектот. – Снимање на македонски, албански, српски, хрватски, босански, турски јазик – за локални и регионални компании, медиуми и организации. – Снимање на англиски јазик – за меѓународни проекти и глобални клиенти. – Можност за снимање на сите останати светски јазици – преку мрежа на професионални говорници, овозможуваме нарација на јазикот кој Ви е потребен. – Обработка на звук – чистење на шумови, балансирање на тон и додавање музика и/или ефекти. – Испорака во различни формати – HQ WAV, HQ MP3 или формат по ваша желба, подготвен веднаш да се користи. – Ви испраќаме примери на гласови за бараниот јазик, за да одберете глас кој сакате да Ве претставува. Цена за снимање на Voice Over – нарација – До една минута финален производ – Voice Over на македонски јазик, со вклучена комерцијална лиценца за неограничено користење – 3500 денари (за останатите јазици, по договор) – Доколку се работи за обемен проект со повеќе текст, добивате екстра попуст во зависност од големината на проектот. – Доколку проектот има потреба од синхронизација на гласот, во зависност од тежината на проектот се доплаќа дополнително. – Доколку има потреба од позадинска музика, нудиме голем избор на музика која е со лиценца за комерцијална употреба. – Нудиме и можност за компонирање/продукција на комплетно нова музика согласно потребите на проектот, по потреба и со цена по договор, во зависност од работните часови потребни за реализација. Доколку имате потреба од Voice Over, наша сугестија е да ни напишете прецизно и детално објаснување за идеата на Вашиот проект, преку мејл порака на info@digitalenasistent.mk или да се јавите на телефонскиот број 078 71 88 72, по што ќе можеме низ взаемна комуникација и сугестии да се договориме за времето за испорака и цената на чинење за Вашиот проект. Напомена: Секогаш се трудиме да понудиме најдобра цена. Сите дигитални услуги на едно место... https://digitalenasistent.mk/
