VW Passat B6 1.9 TDI 105 KS, 2007, регистриран до 03/2027
5500 EUR
- Категорија
- Автомобили
- Локација
- Битола
- Огласувач
- Igor
Се продава VW Passat B6, лимузина, произведен 2007 година, со проверениот 1.9 TDI мотор, 77 kW / 105 KS и мануелен менувач. Цена: 5.500 евра Километража: 292.000 km Регистриран до март 2027 година, со зелен картон. Автомобилот е во моја сопственост во изминатите 5 години и доаѓа со целосна историја на сервисирање и одржување за тој период. Ентериерот и подвозјето се зачувани, со нормални траги од користење соодветни на годините. Сервисирање: - Голем сервис, сите каиши, водна пумпа итн., направен пред 6.000 km, со редовен интервал од 60.000 km - Мал сервис направен пред 7.000 km, со редовен интервал од 12.000 km - Нов акумулатор, сè уште под гаранција Гуми и дополнителна опрема: - Летни гуми Sava Intensa HP2 со 16-инчни алуминиумски бандажи - Зимски гуми со 16-инчни челични бандажи од кои што две зимски гуми Sava Eskimo HP2 купени оваа година, со помалку од 1.000 km - Резервно тркало со целосна големина на 16-инчен бандаж - Гумени патосници - Нови Bosch бришачи Од опрема поседува: - Двозонски Climatronic кој работи одлично - Задни паркинг-сензори - Темпомат - Автоматски светла - Coming Home/Leaving Home функција - Автоматски бришачи со сензор за дожд - Предни светла за магла - 9-инчна Android мултимедија - Bluetooth - Купена програма за Android Auto - Команди на волан - Борд-компјутер - Електрично подесување на возачкото седиште со лумбална поддршка - Електрично подесување и греење на ретровизорите - Автоматско затемнување на ретровизорите - Светла под ретровизорите - Електрични прозорци напред и назад - Детска блокада на прозорците - Централно заклучување со далечинско - Електронска паркинг сопирачка - Фабрички затемнети задни стакла - UV заштита на предните стакла - Преден и заден потпирач за рака - Делива задна клупа - Отвор за подолг багаж, скии или сноуборд - 12V приклучоци напред, назад и во багажникот - Држач за очила - Простор за чадор во вратата - Осветлени огледала во штитниците за сонце - Имобилајзер Безбедност: - ABS - ESP - ASR - Електронска контрола на стабилност - Предни, странични и завесни воздушни перничиња - ISOFIX Автомобилот има нормални козметички траги од користење за возило од 2007 година. Не се продава како нов автомобил, туку како редовно одржуван, фамилијарен, функционален и добро опремен Passat со документирана сервисна историја. Цена: 5.500 евра.
